МИЦКОСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПОМОШНИК АМЕРИКАНСКИОТ ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР ЗА ЕВРОПА И ЕВРОАЗИЈА, ВЕС МИЧЕЛ
Денеска остварив средба со помошник американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел.
На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, евроантлантските интеграции на Македонија како и актуелниот референдум за договорот со Грција.
Истакнав дека договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и е надвор од нејзините познати принципи и начела. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за негово не прифаќање.
Со соговорниците се согласивме дека Евроатланската интеграција е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка во насока на реформи кои се од значење за остварување на тие цели, објави Мицкоски на својата фејсбук страница.

