|

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник, а продолжуваат и разговорите со идните потенцијални партнери како коалицијата Вреди

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали има доволен број пратеници за формирање на влада истакна дека во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано 61 пратеник но и продолжуваат разговорите со потенцијалните идни коалициони партнери како што е коалицијата Вреди.

„Па да, можам да кажам дека како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ ги завршуваме разговорите со неколку од пратениците кои што не се дел од коалицијата „Твоја Македонија“ и можам да кажам дека во моментот успешно консолидиравме 61 пратеник“, кажа Мицкоски и додаде:

„Не можам да зборувам во однос на деталите, но многу скоро од денеска ќе ги дознаете деталите имајќи предвид дека состојбата е чувствителна, но она што можам да кажам е дека како коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во парламентот покрај 58 пратеници кои што ги има автентично самата коалиција и очекуваме одлука на управниот суд да видиме што ќе се случува со изборната единица 5 и 6 можам со задоволство да кажам дека имаме консолидирано точно 61 пратеник но тоа нема да не повлече од разговорите со идните потенцијални коалициони партнери како што е коалицијата Вреди“, истакна Мицкоски.

Слични Објави