|

МИЦКОСКИ: ЗАЕВ ГИ ИГНОРИРАШЕ СИТЕ МОИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА, НИЕ ВЕЌЕ ГО ЖИВЕЕМЕ ВТОРИОТ БРАН НА КОВИД-19

„Ние сме единствената земја во светот која веќе го живее новиот бран на Ковид 19 вирусот кој е последица на лошо менаџирање и политички притисок на еден човек. Ќе ве потсетам само на оние надри медицински пресметки на Зоран Заев кога точно ќе почнел вториот бран, како се имал под контрола, и се така како нему му одговара наспроти реалноста и бројката на новозаразени која постојано одзвонуваше и се зголемуваше. Кога предупредував на сето ова, Зоран Заев ингорираше. Секоја моја критика која и тогаш и сега е иста и издржана, завршуваше од власта со етикетирање дека ВМРО-ДПМНЕ бегало од избори и дека состојбите биле под контрола, небаре системот не може да биде разнишан, во состојба кога гледаме како целиот буквално пред очи ни се распаѓа“ рече денеска на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Слични Објави