|

МИЦОТАКИС: ГРЦИЈА ЌЕ ДОЗВОЛИ ДИРЕКТНИ ЛЕТОВИ ДО МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ ВО СОЛУН ОД 15 ЈУНИ

Грција ќе дозволи директни летови до Меѓународниот аеродром во Солун од 15 јуни, објави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Директните летови требаше да започнат на 1 јули, но премиерот го прифати предлогот да започне порано доколку сите услуги, вклучително и Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), се подготвени да помогнат во тестирање на примероците.

Мицотакис потврди дека ќе го отвори 85-от Меѓународен саем во Солун, најголемиот грчки саем, на првиот викенд во септември, иако со рестриктивни мерки за посетителите и изложувачите.

Слични Објави