| |

СООПШТЕНИЕ НА ИНСТИТУТ „ХРИСТО УЗУНОВ“ ВО ОДНОС НА ПОСЛЕДНОТО ИЛИНДЕНСКО ЧЕСТВУВАЊЕ

„Помина Илиндеското чевствување. Се обраќаме два дена потоа затоа што не сакавме да бидеме дел од злата пизма која се истури од политичките табори, над коските на храбрите херои. Колку Илиндени треба да поминат за тој празник да биде празник на народот? Колку Илиндени треба да поминат за вие политичките елити да се симнете од говорниците и да застанете до оние кои молчешкум одат до крвавите да положат цвеќе и да запалат свеќа?

Народот ве свирка, народот ви аплаудира, народот негодува, неможејќи да ве гледа вам кои со илјадници евра скапите чекори парадирате до местото на погубие, и целат кон бината која значи процент-два гол политички рејтинг. Дали вие политичарите некогаш ќе научите дека говорите од гробно место? Дали вие политичарите не разбирагте дека над гробно место, на помен,на ден за мир и почит, го дораскарувате народот, го ставате во ваши табори и играте со неговата искрена и чиста љубов кон својата земја и кон делото на Илинденците?
Застанете. Тргнете ги бините за говор! Имате 366 дена за терање на гола политика, а таа ваша политика ја видовме. Лебот му земавте на народот, мирот, слободните денови за прослава! Нам не ни е до вашите евтини говори! Ние едноставно сакаме да се поклониме и да оддадеме почит на оние кои не задолжија.
Оставете му го Илинден на народот, доста време го киднапиравте овој најголем ден во себепромоција, лицемерие и лакрдии.На овој народ му е смачено од вашето голо политиканство и од фрлањњто отровни стрели кон вашите опоненти. На Илинден, и на било кој ден каде што се слави делото на јунаците, не сте темата вие, не сте вие главните на сцената, и тоа не е и веќе не смее да биде ваше шоу.Не сакаме говори на празниците! Не сакаме политика од вас олигарсите и лажните патриоти! Ние вистинските патроиои живееме во духот на Илинден 365 дена, вие политичарите не можете ниту еден ден тоа да го одглумите. Барем замолчете, положете го цвеќето и наведнете глава ако не знаете веќе да подадете повик и рака на помирување. Знаеме што сакате да кажете и онака живеете и профитирате од поделеноста на народот.. 365 дена ја слушаме истата те иста приказна!
#ИлинденНаНародот ,“ се вели во соопштението на институтот „Христо Узунов“. објавено на нивната facebook страна.

Слични Објави