|

МИЦОТАКИС: ГРЦИЈА НЕМА ДА БИДЕ „ПАРКИНГ“ ЗА БЕГАЛЦИ И МИГРАНТИ

Во интервју за германското издание Дас Ханделсблат, грчкиот премиер Кириакос Мицотакис ја критикуваше Европската унија за тоа што не наоѓа одржливо решение во однос на прашањето за бегалците.

Според Мицотакис Европа ја смета Грција за „удобно место за паркирање“ на бегалци и мигранти.

„Повеќе нема да го толерирам ова“, вели водачот на конзервативната влада во Атина. Ниту една земја на ЕУ не може да ја користи Шенген-зоната и во исто време да одбива да го сподели товарот, „како што прават некои источноевропски земји“.
Од ова лето, бројот на бегалци кои пристигнуваат во Грција повторно се зголемил. Според Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци, годинава во Грција се регистрирани речиси 60.000 мигранти.

Слични Објави