|

Борел: Нападите со беспилотни летала врз нуклеарната централа во Запорожје ги зголемуваат ризиците од опасни несреќи

Високиот комесар за надворешни работи и безбедност на ЕУ, Јосеп Борел, ги осуди неодамнешните напади со беспилотни летала врз нуклеарната централа Запорожје, велејќи дека тоа го зголемува ризикот од опасни инциденти.

„Несовесниот напад со дрон врз нуклеарната централа во Запорожје го зголемува ризикот од опасна нуклеарна несреќа. Таквите напади мора да престанат“, предупреди Борел на платформата Х.

Тој изрази целосна поддршка за Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и генералниот директор на тоа тело Рафаел Гроси и порача дека „Русија треба да се повлече од нуклеарната централа Запорожје“.

Украинските вооружени сили денеска со дрон го нападнаа Единствениот центар за обука на нуклеарната централа Запорожје, каде се наоѓа единствениот симулатор на реакторската сала во светот.

Слични Објави