| |

Следната голема цел пред Бугарија е влезот во Организацијата за економска соработка и развој

Бугарија треба да се фокусира на членството во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), изјави економистот Румен Гaлaбинов за БГНЕС.

„Постигнавме историски успех и следната наша задача е да влеземе во ОЕЦД. Претпоставувам дека ќе ја оствариме оваа цел до крајот на оваа или почетокот на следната година“, рече тој.

По влезот во еврозоната на 1 јануари 2026 година, Бугарија, според него, влегла во јадрото на европската интеграција, притоа претекнувајќи ги Унгарија, Чешка, Полска и Романија.

Гaлaбинов е импресиониран од брзината со која левот се повлекува од оптек. „За помалку од две недели е повлечена половина од готовината во левови. Очекувам до крајот на месецот да бидат повлечени меѓу 80 и 90 отсто“, изјави тој и додаде дека нема потреба од продолжување на периодот на двојна валута.

Според него, и двојното означување на цените во евро и левови не треба да трае долго, бидејќи „повеќе ќе ги збунува луѓето отколку што ќе им помага“.

Во однос на буџетот, Галабинов смета дека е малку веројатно службена влада да поднесе предлог. Тој очекува редовна влада по изборите да го усвои буџетот за 2026 година во рок од 3 до 6 месеци, заедно со макрорамката до 2030 година.

„2026 година може да биде побогата за Бугарија со еврото и можностите што ги носи еврозоната – не само за патување и трговија, туку и за поголем економски и финансиски напредок“, изјави Румен Галабинов.



Слични Објави