Бугарските пратеници му оддадоа почит на Димитар Пенев- пред новиот стадион на ЦСКА во Борисовата градина ќе има негов споменик
Пратениците во бугарскиот парламент со минута молк му оддадоа почит на фудбалската легенда Димитар Пенев, јави БГНЕС.
Поранешниот фудбалер и селектор на ЦСКА и на бугарската репрезентација почина на 3 јануари на 80-годишна возраст. На 5 јануари илјадници граѓани го испратија во неговиот последен пат.
Поклонението се одржа на Националниот стадион „Васил Левски“, каде присуствуваа бројни поранешни фудбалери, спортски дејци, политичари и навивачи.
Во вторник беше соопштено дека пред новиот стадион на ЦСКА во Борисовата градина ќе биде подигнат споменик на Димитар Пенев. Одлуката е донесена на средба кај градоначалникот на Софија, Васил Терзиев, заедно со претставници на клубот, соопшти градоначалникот на општина „Средец“, Трајчо Трајков.

