Пендаровски: При извоз на струја во земјава Бугарија мора да ги почитува европските правила

/

Работните групи меѓу Северна Македонија и Бугарија продолжуваат да разговараат околу извоз на струја за земјава и мислам дека досега ќе најдеа решение, но проблем се процедурите, имајќи предвид дека Софија е членка на ЕУ, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски во одговор на прашање на МИА, околу текот на преговорите меѓу двете држави за набавката на електрична енергија.

– Две работи се важни во разговорите – цената и количината, мислам дека двете страни во тој дел не се толку далеку, колку што се проблем процедурите, бидејќи Бугарија сепак е членка на ЕУ и не смее да ги крши европските правила и процедури, нагласи Пендаровски, кој денеска престојуваше во Софија на ознчувањето на стартот на работата на гасниот интерконектор Грција – Бугарија.

Пендаровски потенцира дека Бугарија мора да ги почитува правилата и процедурите на ЕУ, бидејќи она на што е европска директива е практично закон во една земја членка на Унијата и со нивно евентуално кршење би подлежела на кривична одговорност.



Извор: zoom.mk



Претходна статија

Усрула фон дер Лајен: Го поздравувам позитивниот моментум помеѓу Бугарија и Северна Македонија

Следна статија

Универзитетот АУЕ – ФОН ја прими дваесеттата генерација студенти

Најново од Вести

Историскиот музеј во Благоевград ќе претстави две монографии, за ВМРО и за улогата на активните жени во бугарските заедници во Македонија и Одринска Тракија

Во Регионалниот историски музеј – Благоевград денеска ќе бидат претставени две монографии на д-р Елена Александрова,