Месецот на бугарската култура во Берлин нуди филски проекции, театарска претстава, концерт и изложба
Во рамките на иницијативата „Месец на бугарската култура“ во Бугарскиот културен институт во Берлин (Leipziger Str. 114–115) во март ќе се одржат филмски проекции, концерт, изложба и театарски претстави, јавува БТА.
На 2 март ќе биде прикажан документарниот филм „Народната музика е мојот живот“, посветен на Оркестарот за народна музика на БНР, по што ќе следи концерт на триото на Недјалко Недјалков. Влезот е слободен со претходна регистрација на [email protected].
На 6 март ќе се отвори изложбата „Европа во Бугарија“, со дела од значајни бугарски автори од периодот по Ослободувањето до средината на XX век. Влезот е слободен.
На 12 март ќе се одржи вечер на новото бугарско кино со филмовите „Матурантката“, „На средина на бетонот“ и „Надмоќ“, како и средба со режисерот Јордан Михајловски и продуцентот Румен Баросов. Потребна е регистрација на [email protected]..
На 26 март ќе се изведе претставата „Пианисимо“, драматуршки колаж по романот „Пианистката“ на Елфриде Јелинек. Потребна е регистрација на [email protected].
