МИГРАНТ УБИЕН ВО БЕЛГРАД

//

Мигрант бил убиен синоќа во Белград. Полицијата идентификува двајца осомничени, од кои едниот е уапсен, а по другиот се трага, објави РТС.

Убиството се случило синоќа по тепачка меѓу мигранти пред обложувачница на улицата Краѓорѓева, недалеку од самиот центар на Белград. Убиен бил Авганистанец на возраст од 20 години. Тој бил прободен со нож во градите.

Медиумите дознаваат дека убиениот во Србија дошол од Авганистан пред две години, а во Белград престојувал подолго време.





Претходна статија

УНГАРСКИОТ БЕНД „СОНДОРГО“ И „ЏАМБО АГУШЕВИ ОРКЕСТАР“ НА „ОФФЕСТ“

Следна статија

ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА УАПСЕН ЗА ЗЛОСТАВУВАЊЕ ДЕТЕ

Најново од Вести