|

МИГРАНТИ ОД ПАКИСТАН СЕ СТЕПАЛЕ ВО ВАКСИНЦЕ, ДВАЈЦА ОД НИВ СО УБОДНИ РАНИ ПРЕНЕСЕНИ ВО СКОПЈЕ

Мигранти од Пакистан се степале во село Ваксинце, општина Липково, а двајца од нив со убодни рани на нозете биле пренесени на Ургентниот центар во Скопје.

Синоќа, во 2.10 часот по полноќ во полиција било пријавено дека има повредени странски државјани. Полициски службенци излегле на местото и ги затекле А. Р. (23), М. К. (20), Х. А. (23) и Н. Т. (24), сите од Пакистан, кои имале повреди по телата.

Според нивното кажување, тие биле нападнати од неколку други лица од Пакистан, кои побегнале.

Лицата биле однесени во Ургентниот центар во Куманово, каде што им била укажана лекарска помош по што А. Р. и Х. А., кои имале убодни рани во пределот на ногата, биле пренесени на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а другите биле задржани за лекување во болницата во Куманово.

Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Слични Објави