МИЛЧИН КОНТРА АДЕМИ: КАКО НЕ ТИ Е СРАМ?

Професорот Владимир Милчин, поранешен прв човек на Отворено општество и поранешен член на раководството на СДСМ со остра реакција на обидот на министерот Едмонд Адеми да ја оправда власта за нејзиното игнорирање на непочитувањето на законот од страна на првиот човек на ДУИ во Охрид Нефи Усеини.

Ние сме хистеризирале? Не министерот ги извртува фактите! Се обидува да го одбрани неодбранливото. Пицеријата кај Чинарот се скали? Хотелот во Лагадин е гаража? Како не ти е срам?, напиша Милчин на својот Фејсбук профил.