|

МИЛОШОСКИ СО АУДИОСНИМКА ВО СОБРАНИЕ – З.З. НАВОДНО ГО ПРАШАЛ ЈОВАНОВСКИ ОД КАДЕ МУ СЕ ПАРИТЕ ЗА ТЕЛЕВИЗИЈАТА

Пратеникот Антонио Милошоски денеска пред пратениците во Комисијата за европски прашања пушти аудиозапис во кој, според него, се слуша гласот на лицето З.З. (алудирајќи на експремиерот Зоран Заев) како наводно разговара со друго лице за обвинетиот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13.

„Овој транскрипт фрла мала светлина зошто некој не сака нелегално снимени разговори да бидат доказ во судски постапки“, рече Милошоски пред пратениците.

Пратеникот го прочита транскриптот, бидејќи звукот во аудиоснимката едвај се слушаше и беше речиси невозможно да се разбере.

З.З., според Милошоски, на друго лице, чиј идентитет не беше кажан, наводно му се обраќа со следниве зборови, а во врска со обвинетиот за „Рекет“, Бојан Јовановски:

„Му требаат пари за телевизијата и прави комбинации. Го прашав од каде парите за телевизија. Тој ми рече од Хрватска, но главно од Циле, Силјан Мицевски, од тоа проектот за старечките домови“, рече Милошоски читајќи го транскриптот од снимката.

Пратеникот Милошоски рече дека оваа снимка е од „свиркач“ и сакал да ја сподели со јавноста бидејќи содржела индиции за вмешаност во криминал.

Извор: Макфакс

Слични Објави