ЗАЕВ: ЗАКАНИТЕ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР СЕ ЗАКАНИ ПРОТИВ ИДНИНАТА
Заканите за укинување на Договорот од Преспа се закани и за иднината на земјата. Нема да дозволиме да се врати режимот, затоа што ништо не покажува дека е изменето нешто кај ВМРО-ДПМНЕ, рече премиерот Заев во интервјуто за „Слободна ТВ“.
Тој додаде дека очекува големо мнозинство од граѓаните да ги препознае штетните политики на опозицијата и да го даде гласот за продолжување на политиките и насоката која не води кон иднината.

