| |

Петрова: АЕЦ „Козлодуј“ работи нормално, можеме и да извезуваме струја

Министерката за енергетика на Бугарија Ива Петрова на 4 август ја посети АЕЦ „Козлодуј“ заедно со експерти од Министерството за енергетика, Бугарскиот енергетски холдинг и Електроенергетскиот системски оператор, јавува дневниот весник 24 часа.

За време на посетата биле разгледани работата на петтиот и шестиот блок и влијанието на ниското ниво на Дунав врз централата. Петрова изјави дека нема опасност од целосно запирање и дека, при сегашното темпо на опаѓање на реката, централата ќе може нормално да работи уште три недели без намалување на капацитетот.

Бугарија е во постојан контакт со Србија и Романија, кои располагаат со хидротехнички објекти за регулирање на нивото на Дунав. Во последните два дена било забележано благо зголемување на нивото на реката. Унгарија и Романија веќе покажале интерес за купување електрична енергија од Бугарија, која е подготвена за извоз.



Слични Објави