МИНИСТЕРОТ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ДЕНЕСКА ОСТВАРИ РАБОТНА СРЕДБА СО ЃОРГИ КУЗМАНОВСКИ

//

Министерот Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со Ѓорги Кузмановски, претседател на Сојузот на спортови на Скопје, Кире Синадиновски, спортски директор на скопскиот маратон и Гордана Николовска, секретар на скопскиот маратон.

Претставниците на Сојузот на спортови на Скопје изразија благодарност за успешната соработка и поддршка од страна на Министерството за внатрешни работи во организацијата на спортските настани. Претседателот на Сојузот на спортови на Скопје, Кузмановски му додели плакета на министерот Спасовски за организацијата и посветеноста на министерството во безбедноста на учесниците на спортските настани, за што сведочат бројни пофалби посебно од странските учесници . Министерот Спасовски уште еднаш повтори дека министерството и во иднина ќе ги поддржува спортските манифестации.





Претходна статија

ВЕЧЕРВА ЗАПОЧНУВА „ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ“

Следна статија

ЗАЕВ: СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА ЈА ОТВОРИВМЕ МОЖНОСТА ДОМАЌИНСТВАТА И КОМПАНИИТЕ ДА ИНСТАЛИРААТ ФОТОВОЛТАИЧНИ ЦЕНТРАЛИ

Најново од Вести