Министерот за одбрана на Бугарија Тодор Тагарев во посета на САД
Во првиот ден од посетата на САД, министерот за одбрана на Република Бугарија Тодор Тагарев одржа средби во Стејт департментот со помошник-секретарот за политичко-воени односи Џесика Луис и со сениор директорот за одбранбена политика во Советот за национална безбедност и специјален советник на претседателот Бајден Џејсон Израел. Ова станува јасно од објава на официјалната страница на министерот за одбрана на Бугарија на социјалната мрежа Facebook.
„По време на разговорите беше отбелязано постигнатото високо ниво на сътрудничество между България и САЩ в областта на отбраната, напредъка при модернизационните процеси във Въоръжените сили, увеличаването на средставата за отбрана, и беше дадена висока оценка на оказаната от България помощ на Украйна. Единодушни сме, че подкрепата за Украйна трябва да продължи“, стои во објавата на министер Тагарев.

Тагарев зеде учество и во дискусиониот формат на Атлантскиот совет, кој се емитуваше во живо преку специјална онлајн платформа и во социјалните мрежи.
„В рамките на визитата взех участие в дискусионния формат на Атлантическия съвет, който се предаваше на живо в специалната онлайн платформа и социалните мрежи. Срещата премина при широк интерес от страна на бивши и настоящи дипломати, журналисти, представители на академичните среди и на центрове за изследване на сигурността. Основни теми бяха ролята на страната ни за усилване на Източния фланг, Западните Балкани и Черноморската сигурност. В този контекст посочих, че до часове ще бъде подписан Мемурандомът за разбирателство между България, Турция и Румъния за създаване на военноморска група за разминиране в Черно море“, стои во објавата.

Министерот за одбрана на Бугарија и делегацијата го посетиле и Националниот универзитет за одбрана, каде што се сретнал со првиот човек на универзитетот генерал лејтенант Мајк Плен и бугарски офицери, кои се на обука во истиот универзитет. Основен фокус на разговорите бил перспективата за заеднички иницијативи во борбата против дезинформацијата.

Порано истиот ден бугарската делегација зеде учество во организираната од фондацијата „Џејмстаун“ дискусија посветена на прашања поврзани со безбедноста на регионот на Црно море.

