Министерот за одбрана на Грција Николаос Дендијас во посета на Бугарија
Министерот за одбрана на Грција, Николаос Дендијас, утре, на 12 март, ќе ја посети Бугарија по покана на неговиот бугарски колега Атанас Запрјанов.
Министрите и делегациите што ги предводат ќе одржат билатерална средба, на која ќе бидат разгледани актуелни прашања во областа на безбедноста и одбраната.
Министерот Атанас Запрјанов и министерот Николаос Дендијас ќе дадат и заедничка изјава за медиумите.
