| |

Министерствата за туризам и култура на Бугарија ја отворија првата конференција на тема „Развој на културниот туризам во Бугарија“

Министрите за туризам Мирослав Боршош и за култура Маријан Бачев ја отворија првата конференција посветена на развојот на културниот туризам во Бугарија.

На конференцијата присуствуваа претставници на културни институции, други министерства, музеи, општини, историчари, археолози, туроператори, хотелиери, туристички водичи и др.

„Развојот на културното наследство е клучен елемент од визијата за воспоставување на нашата земја како дестинација не само за одмор, туку и за духовно збогатување, културно доживување и историско познание“истакна министерот за култура, Маријан Бачев. Според неговите зборови, културното наследство бара координирани напори меѓу државата, општините, културните институции и туристичкиот сектор.

„Големите прашања пред културниот туризам се каде и кога, што се случува, колку одржливо се случува, каков е пристапот до таму, каков е протокот (на туристи – бел. ред.), каква е хотелската и другата инфраструктура, за да има смисла да зборуваме за нешто повеќе – целокупна концепција на презентирањето на културниот туризам, на различни пазари и најмногу на различни категории туристи, дури и возрасти. Кога сè ова ќе биде јасно, тогаш ќе можеме да правиме адекватно претставување на бугарскиот културен туризам како дел од **Бренд Бугарија“, рече министерот за туризам Мирослав Боршош.

Бугарија може да понуди рути со културно и историско наследство од антиката до поновата историја, добро вино и позната балканска кујна, природни пејзажи и автентичен фолклор.



Слични Објави