Министерството за одбрана на Бугарија им оддаде почит на жртвите на комунистичкиот режим
На овој ден им оддаваме почит на илјадниците знајни и незнајни Бугари кои загинаа во борбата против теророт на тоталитарната власт, стои во објавата на министерот за одбрана на Бугарија Тодор Тагарев на социјалната мрежа Facebook.
„Раководството на Министерството за одбрана им оддаде почит на жртвите на комунистичкиот режим, меѓу кои и голем број бугарски воени лица.
Заедно со моите колеги министри, учествував на комеморативните настани што се одржаа на територијата на затворот и поранешен логор на островот Персин, општина Белене.

Заменик-министерот Атанас Запријанов учествуваше на комеморативната манифестација во Софија пред параклисот „Сите бугарски маченици“ и пред Споменикот на жртвите на комунистичкиот режим до Националниот дворец на културата.

Во Казанлак, пред спомен плочата на пилотите на воздухопловните сили на Неговото Височество, венци и свежо цвеќе положија шефот на политичката канцеларија на Министерството за одбрана Добромир Тотев и извршниот директор на „ТЕРЕМ ХОЛДИНГ“ ЕАД Калин Димитров.

Присутен на одбележувањето беше и командантот на 61. механизирана Стрјамска бригада бригаден генерал Маргарит Михајлов. Беше оддадена почит и на воспитаниците на Воздухопловната школа, кои учествувале во војните за национално ослободување и обединување и во процесите на градење на бугарската армија, а потоа станале жртви на репресиите на тоталитарниот режим“, стои во објавата на министерот Тагарев.
