| |

МИСТЕРИОЗЕН ИНВЕСТИТОР ПЛАТИ 3 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА УДЕЛ ВО ГАСПРОМ

Рускиот нафтен гигант Гаспром доби 3 милијарди долари продавајќи удел во сопствеништвото на засега мистериозен купувач.

За трезорските акции новиот инвеститор чиј идентитет засега е непознат даден е попуст од 11% во однос на последната цена на тргување пред да биде затворена берзата.

Бидејќи станува збор за удел помал од 5% руската компанија со приватен и државен капитал нема обврска да објави ценовно чувствителна информација на берзата во Москва.

Ова е втора слична блок трансакција откако претходно Гаспром продаде удел од 2,9% за 2,2 милијарди долари.



Слични Објави