| |

Митов: Бугарија обезбедува и ќе продолжи да обезбедува заедничка безбедност за Европската унија

Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Даниел Митов, свечено ја отвори меѓународната конференција „Бугарија во Шенген“, организирана од бугарското Министерство за внатрешни работи. Настанот е дел од серијата активности во рамките на Европската унија посветени на одбележување на 40-годишнината од потпишувањето на Шенгенскиот договор.

Конференцијата собра на едно место претставници на различни бугарски безбедносни и полициски институции, партнери од соседните држави–членки на Шенген, агенции на ЕУ во областа на внатрешните работи, како и меѓународни и невладини организации.

Во своето обраќање при отворањето, министерот Митов истакна дека Шенгенскиот договор означил почеток на безпрецедентна соработка во историјата на европскиот континент во областа на заштитата на надворешните граници и борбата против тероризмот.

„Минуваме низ многу предизвици – миграциони бранови, пандемијата на Ковид-19, како и внатрешнополитички ситуации во одделни држави. Бугарија со години вложува сериозни напори и успешно го контролира миграциониот притисок. Во последните години инвестираме значителни средства во заштитата на нашите граници. Бугарија обезбедува и ќе продолжи да обезбедува заедничка безбедност за Европската унија,“ изјави Митов.

Тој нагласи дека Шенген значи заемна доверба и потсети дека Бугарија поминала низ бројни проверки, дел од нив иницирани и по сопствена волја, со цел да ја потврди својата подготвеност и посветеност на заедничките европски вредности.

Слични Објави