Митов до Петков: Во РСМ не бараме никакво малцинство, туку државотворен статус за Бугарите
Заменик-претседателот на ГЕРБ и пратеникот Даниел Митов го повика премиерот Кирил Петков да внимава каква терминологија користи во говорите за РСМ, јавува БГНЕС.
Митов го повика Кирил Петков никогаш да не го користи терминот малцинство.
Ние не бараме никакви права за бугарското малцинство. Бугарите во РСМ мора да добијат статус на државотворен народ. Ве повикувам да бидете внимателни кога зборувате. Бугарија не признава колективни права, туку индивидуални според уставот. Ваквиот говор може да создаде проблеми во иднина, предупреди Митов, кој е и поранешен министер за надворешни работи.