| |

Петков: Нема да се обидувам да правам какви и да се договори со РС Македонија

Имаме јасно распишан коалициски споразум, кој што го чуваме најодговорно. Сите наши активности се во согласност со истиот споразум. Јас како премиер немам право на никаков начин а и нема да се обидувам да правам какви и да е договори, бидејќи имаме рамковна позиција и Декларација. Ова го изјави премиерот на Бугарија, Кирил Петков, во однос на позицијата на Бугарија кон РС Македонија, јавува БГНЕС.

„Секоја одлука треба да се случи со целосно обединување на коалицијата и со опозицијата“, додаде Петков.
„Нема да се донесе какво и да било конкретно решение без одлука на Парламентот и без целосната согласност на сите кои што ќе гласате за ова решение“, се обрати кон бугарскиот Парламент, Петков.

„Ситуацијата во Украина го направи случајот со РСМ уште поделикатен. Земјите од Западен Балкан исто така се во ризик а нивната безбедност е од огромна важност за Бугарија. Треба да бидеме одговорни кон тие одлуки“, додава Петков.

„ЕК изјави дека тие се подготвени да бидат гарант преку преговорната рамка за правата на Бугарите во РС Македонија, за да сме сигурни дека нивните интереси ќе бидат зачувани.
Преговорната рамка и процесот ќе допринесат за тоа добрососедство за кое што ние толку се надеваме“, вели Петков.

Слични Објави