Митови за иднината на пристапните преговори на РС Македонија Кон ЕУ: Кој се плаши од пристапниот процес?

//

Пишува: Проф. д-р Иван Динев Иванов, University of Cincinnati

Откако францускиот предлог беше одобрен од бугарското и од македонското Собрание, во јавниот простор на Република С. Македонија (РСМ) во последните неколку недели се шират одредени митови, за тоа како отсега натаму ќе се одвиваат преговорите со Европската Униja (ЕУ). За таа цел, неопходно е да се одговори на овие митови и да се дискутира, зошто точно сега се распространуваат истите.

Мит 1: Бугарија е фрустрирана за македонското прашање и ќе ја искористи секоја можност да стави ново вето на Македонија на неизниот пат кон ЕУ.

Проверката на реалноста покажува дека ваквото вето е малку веројатно во блиска иднина од најмалку четири различни причини: Прво, употребата на овластувањата за вето за блокирање на предлог е сама по себе екстремен чекор или „нуклеарна опција” за членка на ЕУ. Таквата опција може да се користи само ретко и е многу мала веројатноста да се повтори по укинување на ветото. Тоа, се разбира, не значи дека Бугарија нема да ја искористи својата последна алатка да врши притисок за реформи во РСМ, а тоа е процедурата за ратификација на договорот за членство во ЕУ. Друг пример е позицијата на Грција — откако грчкото вето беше укинато со подпишувањето на Преспанскиот договор, грчката влада јасно посочи, дека има намера да ги следи своите обврски и не планира да прибегне кон механизмот вето со цел имплементирање или ревидирање на договореностите со РСМ.

Второ, Бугарија многу јасно покажа дека интеграцијата на Македонија во ЕУ е еден од суштинските национални интереси на земјата. Затоа, едно второ вето најверојатно ќе биде спротивно на сопствениот бугарски национален интерес, со што ќе ја направи употребата на овој процедурален механизам многу помалку веројатна.

Трето и поврзано со втората точка, актуелната внатрешно-политичка ситуација во Бугарија е многу нестабилна со главен фокус на претстојните (четврти за поседниве 18 месеци) избори на 2 октомври 2022 г. и шансите за формирање стабилна влада, со што грижата за интеграцијата на С. Македонија станува многу помал приоритет за јавноста и нејзините политички елити. Всушност, во последните 15 месеци од април 2021 година, се чини дека, оваа тема беше вештачки наметната на бугарската јавност. како товар што треба да се отфрли. Ова тенденцијa е во остра спротивност со пристапот во Скопје, каде ветото беше претставено како егзистенцијална закана за иднината на земјата и нејзините граѓани од страна на официална Софија. Оттука, не е многу веројатно дека бугарските елити и јавност во следните шест месеци до 1 година би биле заинтересирани дури да разговараат за ова прашање.

Четврто и слично поврзано со претходната точка, во моментов во Бугарија нема домашни структури, кои ќе го овозможат користењето на механизмот вето. Спротивно на она што се представува во македонската јавност, населението во Бугарија е многу позаинтересирано за секојдневните прашања како што се цените на енергијата и стабилноста на снабдувањето со природен гас, инфлацијата, економскиот развој и слични проблеми, отколку дали централистите на ВМОРО се претставени како етнички Бугари или Македонци во учебниците во Скопје. Искуството од последните 15 месеци покажа дека оние кои сакаа да го стават македонско-бугарскиот спор на врвот на својата изборна агенда и да водат кампања преку истиот, беа казнети сурово од гласачите.

Мит 2: Наместо на копенхашките критериуми за членство, РСМ ќе мора да се фокусира на прашања од историјата поврзани со односите со Бугарија.

Билатералните прашања се дел од добрососедството и демократскиот систем во секоја една држава кандидатка, кои се вградени во кластерот „Фундаменти“ или „Темели“ на процесот на преговарање со ЕУ. Понатаму, билатералните и мултилатералните преговори представуваат две посебни патеки кои ќе се одвиваат одделно, така што, ако владата во Скопје чувствува дека не може истовремено да се справи со овие два процеса, можеби таа не се чувствува уверена дека може да ја внесе РСМ во ЕУ по 17 години чекане за почеток на преговори и воопшто не требаше го започне овој пристапен процес.

Уште поважно е да се знае дека со подигање на билатералната патека на ниво на ЕУ, Унијата всушност станува трета страна посредник во отворениот спор со Бугарија околу спроведувањето на Илинденскиот договор за пријателство и соработка од 2017 година. Посредувањето на ЕУ практично ќе се одвива на два различни нивоа со нивните филтри. Меѓународниот персонал на Европската Комисијата и неизните експерти ќе бидат првиот филтер на Унијата кој што што ќе обезбеди стручна проценка за напредокот во спроведувањето на билатералниот договор. Советот на Унијата (по инсистирање на Софија) ќе служи како втор, политички филтер, кој ќе го дава зеленото светло за напредокот на Скопје кон ЕУ.

Сакам да потсетам дека во принцип Комисијата е непристрасен наднационален „чувар на договорите на ЕУ“ кој се потпира исклучиво на стручноста на нејзиниот персонал (иако се чини дека Бугарија ќе има тројца упатени вработени таму). Како политички филтер, Советот ќе треба да постигне консензус за да го одобри напредокот на Македонија. Овој нов систем на мониторинг им дава поголеми овластувања на експертите и значително ја ограничува способноста на Бугарија да користи неоправдана употреба на вето, доколку препораките на Комисијата и на Советот се позитивни за напредокот на Скопје.

Особено е важно да се разбере како функционира овој нов процес, во споредба со билатералниот дијалог во рамките на Берлинскиот процес кој беше понуден во отфрлениот во 2021 година Португалски предлог на кој му недостасуваше таква форма на посредување од страна на Унијата која ја имаме во актуелната преговарачка рамка. На овој начин, Португалскот предлог се потпираше единствено на толкувањето на договорот од двете страни, кое овозможуваже слободни унилатерлани интерпретации за напредокот (или недостатокот на напредок) од двете страни и драстично ќе ја зголемеше веројатноста за ново вето. Што е уште поважно, овоj нов аранжман во актуелната преговорна рамка ќе ѝ отежни можноста на владата во Скопје да тврди дека го почитува Илинденскиот договор се додека Комисијата или Советот на ЕУ утврдат нешто поинаку.



Мит 3: Патот на Македонија кон ЕУ ќе оди преку Софија.

Со новата преоговрна методологија патиштата на Скопје, Тирана, Белград и Подгорица кон ЕУ одат исто толкоз преку Софија, Атина, Букурешт или Загреб, колку и преку Париз, Берлин, Мадрид или Виена. Дури и пред да се воведе актуелната методологијата за преговарање, процесот на прием секогаш барал едногласност од сите членки, што вклучува експлицитна согласност од секоја членка на Европскиот совет и одобрување во форма на ратификација во нивните национални парламенти. Така, националната согласност отсекогаш била услов кој што не може да се заобиколи или избегне. Шансата за промена на овие правила во догледна иднина е многу мала, бидејќи договорот за една таква промена бара време, усоглсеност помеѓу актуелните членки, а се то тоа во моментов изгледа невозможно. Затоа аргументот изнесен во македонската јавност дека С. Македонија треба да чека промена на правилата која би овозможила еден нов “чист” предлог од страна на ЕУ за почеток на преговори е исто како да ги убедуваат граѓаните во земјата дека треба да седат да го чекаат Годо како во онаа добро позната драма.

Мит 4: ЕУ се однесува непринципиелно со Македонија, додавајќи неправедни билатерални прашања во преговарачката рамка, со кои никогаш не се соочиле предходните апликанти за ЕУ.

Дури и ако, барем на површина изгледа логично, ово тврдење е премногу манипулативно. Факт е дека билатералните прашања се внесени во преговарачката рамка бидејќи овие билатерални прашања постојат — што не беше случај со другите земји апликанти.1 Научниците и политиколозите тврдат од долго време дека улогата на ЕУ, меѓу другото, е да служи и како алатка за решавање конфликти — како што беше случајот со територијалниот спор меѓу Хрватска и Словенија, статусот на Гибралтар итн.2 За таа цел, ЕУ го користи својот лост за условување за да изврши притисок врз кандидатите да најдат решение за нерешените спорови. Уште поважно е тоа што во национален интерес на С. Македонија е овие прашања да се решаваат како дел од преговарачкиот процес – затоа Охридскиот, Преспанскиот Договор и Илинденскиот договор со Бугарија морат да бидат неразделен дел од преговарачката рамка – нешто што го потврди и Претседателот Пендаровски во едно од неговите неодамнешни интервјуа. Уште поважно е дека тие договори се и составен дел од надворешната политика на САД кон С. Македонија и Западниот Балкан. За таа цел, претседателот Бајден издаде наредба да се воведат санкции за секој поедниец што ги оспорува овие договори. Во овој случај практично гледаме усогласувана позиција меѓу ЕУ и САД во нивниот пристап кон решавање на овие конфликти во РСМ и Западниот Балкан.

Уште поважно, доколку и кога се имплементираат, овие три меѓународни договори ќе можат да ги решат сите главни отворени прашања и спорови поврзани со постоењето на оваа држава од нејзината независност во 1991 г. Тие го вклучуваат спорот со Грција за името и поврзаниот проблем со античкото наследство на Mакедонијa, спорот за признавањето на македонската посебност (нација и јазик) од страна на Бугарија, исто како и карактерот на односите меѓу мнозинството и малцинствата на етнички заедници во државата.

Не е мит, туку соема забележлива реалност дека преговарачкиот процес лесно може да закочи ако опозициските партии одбијат да ги поддржат уставните амандмани за вклучување на одредени заедници во уставите на Македонија – Хрватите, Црногорците, Торбешите, но пред се Бугарите. Понатаму, процесот може да заглави ако владејачката елита (особено ако во иднината се формира нова влада предводена од ДПМНЕ и нивните можни коалициски партнери од екстремната левица и екстремната десница во земјата) одлучи да го прекине билатералниот диалог со соседите како дел од пристапниот процес кон ЕУ или да блокира какви било напори за напредок кон подобрување на билатералните врски со Р. Бугариja. Овде, се разбира, се соочуваме со суштинскиот проблем кој и зошто би можел да има интерес да пропаднат билатералните преговори со Софиjа под посредство на ЕУ и така уште еднаш да се закочи приемот на С. Македонија во ЕУ. Кој би бил заинтересиран да ја блокира европеизацијата на Македонија и да ја манипулира јавноста со некаква имагинарна наводна “бугаризација”?

Не е тешко да се идентификуваат факторите кои се заинтересирани за поткопување на владеењето на правото, на департизацијата на јавниот сектор и целосната демократизација на политичкиот систем во С. Македонија. Пред се, тоа се групи поврзани со економски заинтересирани страни во земjата кои жнеат придобивки (или бараат кирија — rent seekers) во состојба во која државата е ефективно заробена, като на тоj начин се гуши приватното претприемништво, инвестициите и модернизација на економските односи во земјата. Можеби тие сили се дел од длабоката држава и се поврзани со некогашните комунистички тајни служби (на пример УДБА, ОЗНА, КОС) чии поранешни агенти и понови бизнисмени имаат корист од тридецениската матна транзиција на Балканот? Во овој контекст човек не може да не се запраша зошто одреден познат македонски комичар и дури еден од градоначалниците на скопските општини, отворено тврдат во јавноста дека никогаш не треба да се откријат досиејата на тајната полиција во СФР и НР Македонија (едно от бугарските четири бараньа). Едно такво обелоденување на овие лица би овозможило разоткриването на нивните суптилни врски со “длабоката држава” кои лица инаку во очите на комичарот и градоначалникот мора да бидат славени како “национални херои.”

1 Кипар е единствениот забележителен пример на земја со нерешен конфликт донесена во ЕУ само затоа што Грција се закани дека, ако Кипар не биде примен во Унијата, Атина ќе стави вето на целиот процес на проширување на ЕУ. Тој пример сам по себе е поиндикативен за важноста на сојузите помеѓу т.нар. “братски нации“ во контекст на ЕУ, одколу за ограничувањата на Унијата да обезбеди решавањето на конфликти.

2 Објавените трудови за улогата на ЕУ во решавањето на конфликтите вклучуваат: Nathalie Tocci, The EU and Conflict Resolution. London: Routledge, 2007; Thomas Diez and Nathalie Tocci, The EU, Promoting Regional Integration, and Conflict Resolution. London: Palgrave Macmillan, 2017; Nicu Popescu, “EU and the Eastern Neighbourhood: Reluctant Involvement in Conflict Resolution,” European Foreign Affairs Review 14, no. 4 (2009), pp. 457–477; Máire Braniff, Integrating the Balkans: Conflict Resolution and the Impact of European Union Expansion. London: I.B. Tauris Publisher/ Bloomsbury Publishing, 2011.



Претходна статија

Нов пат и можност за еманципација на малите „проевропски“ политички партии на релацијата Скопје-Софија

Следна статија

Нова албанофобија

Најново од Истакнато

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи