| |

ОСТАРЕНОТО ЛИЦЕ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИЧКА РЕАЛНОСТ

Ги гледам луѓето од кои двете партии близначки (ДПМНЕ и СДСМ) ќе ги бараат гласовите на претстојните претседателски и локални (во Охрид, Дебар и Ново Село (Струмичко)) избори. Нивните лица се измачени. Во устите на поголемиот дел од нив нема заби, туку скапаници. Имаат по 50-60 години, а личат на баби и дедовци на по 100 и нагоре. Двата „братски“ табори успешно ја завршија мисијата. Во Македонија (заборавете на момент на Скопје) остана само измачената раја.

Ги гледам и младите, тие кои останаа. Многу од нив се подготвени да јадат живи луѓе за да се наместат на „државно“, бидејќи ако запливат во приватните води, „сидрата“ на рекетарите ќе ги „повлечат“ напред кон амбисот, а државата нема ни да мрдне со прст, бидејќи во истата и рекетарите се државни и ја имаат сета протекција на органите.

Мал процент будали ќе се осмелат да не поверуваат во розевите приказни на двете партии близначки. Мал процент идеалисти, ќе најдат сила за да прашат: Ало Македонијо дали се слушаме? Безмалку 30 години, сите што досега се докопале до државната каца со мед, секогаш имале некакви нивни си битки за водење. Се сеќавате на муабетиве на Груевски од говорниците: Секоја генерација има своја битка или ве фатила амнезија? Колку генерации се поебаа додека Бранковци, Љубчовци, Груевци и Заевци ги водеа нивните генерациски битки?

Колку генерации се лечеа во ужасните услови на македонското државно здравство? Колку генерации излегоа писмени, ама без никаква шанса за напредок од ужасните услови во македонското образование? Колку? Можете ли да броите или математиката не ви оди толку лесно како водењето на виртуелни војни и масовните ејакулации врз и во мајките на замислените противници од другата страна на мониторот.

Помислете само, додека ние сите тонеме, близнаците од двете најголеми политички централи се трудат со сите сили да ни го земат и достоинството. Истите тие партиски испостави без капка срам ја бараат вашата доверба за да ве залажуваат со неколку кратно отворање на автопат, сечење ленти на пешачки премини и разноразни други курвински форички за фрлање прав во очите на граѓаните.

Блесокот во очите на измачените граѓани на Македонија е заради солзите по заминатите деца. Кога ќе отидете да гласате за партиите близначки, без разлика од тоа, која во каков фустан ќе биде облечена, прашајте ги тие што ќе висат на кутии: Ќе ги вратите ли децата на чичковците и тетките од моето маало што од убавиот живот што им го ветувавте личат на баби и дедовци.

Автор: Батко Тане

Слични Објави