МИТРЕВ: СО РЕЈТИНГОТ ОД 2% АХМЕТИ МОЖЕ ДА СЕ ПЕНЗИОНИРА ВО РОДНОТО ЗАЈАС ИЛИ ШВАЈЦАРИЈА

„Следниот премиер нема да биде предложен од ДУИ. Како што кажа г-нот Ахмети, сите досегашни премиери се избирани на негов предлог. Овој пат ќе биде различно бидејќи ние нема да бидеме дел од Влада во која би париципирала ДУИ. Етничката определба е неважна за функцијата премиер, важни се квалификациите. Овојпат завршува 30 годишниот монопол на СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ. Г-нот Ахмети со рејтинг од 2% (според ИРИ) може слободно да се пензионира во родното Зајас или Швајцарија“, напиша на социјалната мрежа facebook носителот на пратеничката листа на ГДУ за ИЕ4 Добре Митрев.

loading...