| |

МИТРОПОЛИТ КИПРИЈАН: КОМИСИЈАТА НА БПЦ РАБОТИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СТАТУСОТ НА МПЦ-ОА

Комисијата, формирана од Светиот Синод на Бугарската Православна Црква за решавање на статусот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија , ја продолжува својата работа. Ова го изјави митрополитот на Стара Загора Кипријан, јавува БГНЕС.

„Комисијата работи на решавањето на проблемот. Кога ќе има мислење на комисијата, истото ќе се разгледа од Светиот Синод и постапката ќе продолжи како што треба “, рече Кипријан.

Изјавата на митрополитот на Стара Загора доаѓа само неколку дена откако Вселенската патријаршија, преку архимандритот Роман Анастасијадис, остро го осуди однесувањето на поранешниот македонски епископ Јован Вранишковски, кој во моментов ја претставува Српската православна црква во Македонија. Вранишковски го нарече апсолутно неприфатливо Вселенската патријаршија да одлучува за судбината на локалните цркви. Според архимандритот Роман Анастасијадис, заедно со прашањето за Украинската Православна Црква, дошло време и за решавање на статусот на Охридската архиепископија.



Слични Објави