| |

Митрополитот Григориј Врачански е избран за претседавач на Светиот синод на Бугарската православна црква

Светиот синод на Бугарската православна црква едногласно го избра митрополитот Григориј Врачански за претседавач на Светиот синод на Бугарската православна црква. Изборот го објави говорителот на Синодот, митрополитот Старазагорски Кипријан, јавува БГНЕС.

Митрополитот Григориј ќе раководи со Софиската епархија и ќе биде одговорен за изборот на нов патријарх. Изборот треба да се организира и одржи во следните 4 месеци.

За патријарх можат да бидат избрани 9 од 13 митрополити. Според статутот на БПЦ, тие мора да наполниле 50 години и да биле митрополити најмалку 5 години. Доцна синоќа, пак, митрополитот пловдивски Николај објави дека нема да се кандидира за патријарх.

За одлуката на дедо Никола, митрополитот Киприан рече дека истата е конечна.

Слични Објави