МНОГУ Е ПОЛЕСНА ИЗОЛАЦИЈАТА СО СОСЕДИ КАКО ДРАГАН И ДЕНИС

//

Сега е периодот кога треба да си помагаме меѓусебно. Пораките да се остане дома, ограничено движење, редици и турканици во продавници за набавка и на најелементарните работи какви што се храна и хигиенски средства, сето тоа им го отежна животот особено на постарите и немоќните лица. На оние кои живеаат сами и кои не може да сметат на многу лица кои би можеле да им помогнат. 

Но добро е! Почна да се појавуваат и убави примери на меѓусоседска солидарност со која луѓето кои живеаат во истата зграа си помагаат едни на други. Па така, има и летоци со кои се нуди таква помош. Ги има на влезните врати или на огласните табли по скопските згради.

-Почитувани постари соседи и хронично болни лица, во периодот додека трае вонредна состојба ви стојам на располагање за пазарење и фрлање смет од вашите домови. Ве молам кој има потреба слободно да ме исконтактира во периодот од 12 до 14 часот, им порача на своите соседи скопјанецот Драган Ѓурчевски.

Тој денеска ни рече дека на ова го мотивирал фактот дека во неговата зграда во скопската населба Капиштец една третина од соседите се постари од 60 години.

–Вчера во четврток објавив и веќе имам едно барање за помош. Се работи за купување на основни продукти за дома. Периодов додека трае вонредната состојба очекувам и стојам на располагање на секој сосед што има потреба од помош. Се надевам дека овој пример ќе поттикне и други лица низ државава заедно да помогнеме на постарите лица во нашето соседство, ни рече Ѓурчевски.

Таков пример има и во кулите во населбата Расадник, во Кисела Вода. И Денис Јанкуловски во својата зграда истакнал напис упатен до комшиите „доколку имаатe потреба од пазарење после 18 часот, а не сте во можност или немате кој слободен, побарајте ме…“.



-Кај мене нема голем број, има 3-4 постари лица од кои една бабичка е со патерица. Засега, само една постара жена ми се обрати еднаш, другите веројатно уште немаат потреба. Знаат за мојата понуда и се бескрајно благодарни. Но, со оглед на ситуацијата мислам дека кај да е ќе ме побараат. Пробувам да анимирам и други комшии кои би сакале да помогнат. А во контакт сум со 2 другарки од други општини со кои се договоривме да направиме шема, ако некој од нас не може во моментот да помогне другиот, ни рече Јанкуловски.

Убави примери! Ќе ги следиме ли? (Скопско ехо)



Претходна статија

(ВИДЕО) ДИМИТРОВ: СИТЕ ГРАЃАНИ ШТО ЌЕ СЕ ВРАТАТ СО ХУМАНИТАРНИТЕ ЛЕТОВИ ЌЕ БИДАТ ВО КАРАНТИН

Следна статија

СОСТОЈБАТА СО КОВИД-19 ВО СВЕТСКИ РАМКИ ДО 10 ЧАСОТ

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи