ДОМАШНИ МАСКИ ЗА ЗДРАВА КОЖА
Авокадо + мед
Авокадото содржи калиум, натриум, фосфор, бакар, железо, магнезиум, цинк и витамин Е. Оваа комбинација со мед и авокадо ја храни кожата и ја прави еластична.
Земете едно добро созреано авокадо, изгмечете го и додадете 1 лажица мед. Нанесете ја маската на лицето, избегнувајќи го делот околу очите. Оставете ја маската да стои 15 минути, а потоа убаво исплакнете.
Сок од компир + брашно
За да имате сјајна кожа, измешајте 6 лажички брашно и сок од еден компир. Брашното ги чисти мртвите клетки од кожата, а сокот од компир ги чисти црните точки (црнките). Откако убаво ќе измешате, со кружни движења нанесете ја маската на лицето. Оставете ја маската на лицето да отстои 15 минути и исплакнете.
Краставица + куркума
Благодарение на овој зеленчук, богат со вода, нашата кожа може добро да се хидрира. Покрај тоа, краставицата помага да се намалат порите. Куркумата е природен антисептик и има подмладувачки својства.
Испасирајте една краставица, додадете 1 лажичка куркума и добро измешајте. Нанесете ја маската на лицето. Нека стои 10 минути, а потоа исплакнете со млака вода.
Зелен чај + Алое Вера
Дали ви треба брзо освежување на вашето лице? Оваа маска ќе ви помогне да се справите со непријатните акни и да го одложите стареењето на кожата. Зелениот чај е богат со витамините C, К и В. Алое Верата пак ги ублажува иритациите и рапавоста на кожата.