МНР даде согласност да се отворат избирачки места на територијата на РС Македонија за претстојните избори во Бугарија
Министерството за надворешни работи на РС Македонија дозволи на територијата на дипломатските претставништва на Бугарија и други градови во земјата да се отворат избирачки места за претстојните парламентарни избори и избори за Европски парламент во Бугарија.
„Во врска со претстојните избори за пратеници во бугарското Народно собрание и за пратеници во Европскиот парламент од Република Бугарија, закажани за 9 јуни 2024 година, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија даде согласност за отворање на избирачки места на територијата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, во Генералниот конзулат во Битола, како и во други градови од државата“, стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Бугарија.