| |

МНР на Бугарија инсистира на истрага за нападот врз Бекир Кадриески во Струга

Генералниот директор за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Бугарија, Славена Гергова, се сретна со амбасадорката на Република Северна Македонија во Бугарија, Агнеза Руси-Попоска. Ова го објави МНР на Бугарија на својата веб-страница. Се разговарало за нападот врз копретседателот на здружението на Бугарите во Струга, Бекир Кадриески.

Бугарската страна ја нагласила потребата надлежните органи во Северна Македонија да преземат брза акција за ефикасна истрага и спроведување на правдата во случајот, велат од бугарското МНР.

Кадриески беше нападнат во вторникот.

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, соопшти дека напаѓачот е идентификуван и приведен.

Слични Објави