| |

МНР на Бугарија испратило покана до Бујар Османи за одржување на годишниот состанок на мешовитата меѓувладина комисија

Од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија вчера е испратена нота до Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

Преку нотата е упатена покана до министерот Бујар Османи за одржување на годишниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија според чл. 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан на 1 август 2017 година. Состанокот треба да се одржи на 9, 10 или 11 јули 2022 година во градот Банско.

На претстојниот состанок на оваа заедничка комисија треба да се разгледа имплементацијата на билатералната спогодба за изминатиот период и да се усвојат мерки за подобрување на билатералната соработка во сите сектори, јавуваат од бугарското Министерство за надворешни работи.



Слични Објави