МНР на Бугарија ја проверува информацијата за инцидентот во Струга
Министерството за надворешни работи на Бугарија доби информација за напад извршен денеска врз претседателот на здружението на месни Бугари во Северна Македонија – „Шемето“ од градот Струга. Според првичните податоци, на жртвата му била укажана лекарска помош и била примена во локална болница, јавува БГНЕС.
Вработен во Генералниот конзулат во Битола е испратен и сега се наоѓа во градот Струга. Во моментов се расчистуваат фактите околу случајот и дали е резултат на кривично дело од омраза.