Руската амбасадорка во Бугарија му се извини на премиерот Петков

//

Амбасадорката на Руската федерација во Бугарија, Елеонора Митрофанова му се извини на бугарскиот премиер Кирил Петков. Петков ја повика руската дипломатка да се придржува до општоприфатените норми за дипломатска комуникација и побара таа да се однесува со должна почит и да не користи навредливи квалификации кон бугарските институции, јавува БГНЕС.

„Премиерот изрази огорченост и од фактот што во официјалната честитка до Бугарија за националниот празник 3 март, руската амбасада ја спореди војната во Украина со ослободувањето на Бугарија“, соопшти владината прес-служба.

„Нашата благодарност до рускиот народ за Ослободувањето не може да се потцени со споредба со денешната братоубиствена војна во Украина“, нагласи тој. Петков инсистираше амбасадата на Руската Федерација да не се меша во внатрешната политика на Бугарија, во согласност со меѓународните конвенции. Премиерот ја поздрави намерата на рускиот амбасадор отсега да користи конструктивен тон. Тој повика на прекин на војната и враќање на дијалогот.

„Мислам дека наскоро може да се очекува мир“, изјави руската амбасадорка на заминување од средбата со премиерот Петков. „Не мислам дека Зеленски може да донесе мир во Украина“, додаде таа.





Претходна статија

Човек со грб кон ѕидот

Следна статија

(Видео) Ултрамаратонецот Краси Георгиев разкажува за тоа како ја истрчал целата траса на Коридорот 8 од Варна до Драч

Најново од Вести