| |

ЖЕЛЕВ: КОМУНИЗМОТ Е ПОСОВРШЕНИОТ ТОТАЛИТАРЕН РЕЖИМ ВО СПОРЕДБА СО ФАШИЗМОТ, ЗАТОА И УБИ МНОГУ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ

„Фашизмот и комунизмот се едноутробни браќа близнаци, но не се еднојајчени, комунизмот е посовршениот тоталитарен режим, токму поради таа причина, комунизмот убил многу повеќе луѓе од фашизмот“- вели во една документарна емисија големиот пријател на Македонија поранешниот претседател на Бугарија Жељу Желев.

Д-р Жељу Желев е првиот демократски избран претседател на Република Бугарија по падот на комунистичкиот режим во земјата на 10 ноември 1989 г. Тој раководеше со претседателската институција во периодот од 1990 до 1997 г. Д-р Жељу Желев почина на 30 јануари 2015 г, на 79 годишна возраст.

Желев е главниот иницијатор Бугарија да биде првата земја која ќе ја признае независноста на Република Македонија во јануари 1992 г.

Д-р Желев е автор на едно од најпознатите дела кои ги разгледуваат тоталитарните режими како појава и структура а имено научниот труд „Фашизмот“.



Слични Објави