| |

„Катимерини“: Грција значително заостанува зад Бугарија и Романија според глобалниот индекс за бизнис средина за стартапи

Грција се рангира значително пониско од држави традиционално сметани за поволни и сигурни за развој на иновативни бизниси, како и од соседни земји како Бугарија и Романија, во однос на бизнис средината што им ја нуди на претприемачи со амбиции за меѓународен раст, пишува грчкиот весник „Катимерини“, пренесува БГНЕС.

Грција го зазема 33-то место меѓу 125 држави во светот во индексот StartupBlink Innovators Business Environment Index 2026 со вкупен резултат од 67,621 поени. Така таа ги надминува Унгарија (34-то место), Шпанија (39-то), Бразил (42-ро) и Италија (43-то), но значително заостанува зад други европски екосистеми препорачани како поповолни за нови претприемачи, меѓу кои се Велика Британија (3-то место), Шведска (12-то), Германија (23-то), Романија (25-то) и Бугарија (18-то место).

Најнизок резултат Грција бележи во категоријата „бизнис стимули“, каде што освојува 59,269 поени и го зазема 32-рото место во светот. Овој показател ја мери атрактивноста на една држава за инвеститори и претприемачи, земајќи ги предвид даночната средина, стимулите, пристапот до финансирање и други фактори. Во оваа област Грција значително заостанува зад соседните земји како Бугарија, Романија и Кипар.



Слични Објави