МНР на Бугарија: Луѓето во Благоевград да реагираат смирено и да не потпаѓаат на провокации за време на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“

//

Очигледен е обидот на опозициони партии во РСМ да предизвикаат тензии во односите меѓу Софија и Скопје, преку отворањето на приватен клуб именуван на бугарски поет. Ова стои во позицијата на бугарското МНР во пресрет на отворањето на т.н Македонски културен клуб ,,Никола Вапцаров” во Благоевград оваа недела.

,,Очигледно е дека станува збор за дефокусирање на вниманието на јавноста од борбата за правата на Бугарите во РС Македонија. Физичко лице коешто се претпоставува како дел од непостоечка невладина организација изнајмило простор од друго физичко лице. Семејството на Никола Вапцаров е вознемирено од фактот што името на поетот се користи за таква провокација. Тие не дале дозвола да се користи името и ја нагласуваат бугарската етничка припадност на поетот”, нагласи Костадин Коџабашев, заменик министер за надворешни работи на Бугарија.

Од МНР на Бугарија ги повикаа луѓето од Благоевград да реагираат смирено и да не потпаѓаат на провокации.





Претходна статија

Столтенберг за „Политико“: Руска победа би била лоша за Европа и Северна Америка и катастрофа за Украинците

Следна статија

Ристо Пенов седнува во министерска фотелја, ќе ја води локалната самоуправа

Најново од Вести