| |

МНР на Бугарија: Повторно е осквернавена спомен плочата на загинатите бугарски туристи во Охрид

„Повторно е осквернавен споменикот на 15 мината бугарски туристи кои загинаа на бродот „Илинден“ во 2009 година во Охрид“, соопштува бугарското Министерство за надворешни работи.
Од таму велат уште дека ваков однос кон споменот на жртвите на овој трагичен инцидент е неприфатлив.

„Секој акт на омраза кон друга земја или нејзините граѓани е во противречност со основните вредности на современите демократски општества. Очекуваме властите во РС Македонија да преземат брзи активности за разоткривање на сторителите на ова дело и истите да ја понесат својата одговорност а исто така спомен плочата да се возобнови во нејзиниот автентичен вид“, се вели во соопштението на бугарското МНР.

Како што станува јасно амбасадата на Р. Бугарија во Скопје веќе испратила протесна нота до нашето Министерство за надворешни работи.



Слични Објави