Ковачев: Југословенската елита во Скопје го попречува патот на РС Македонија за влез во ЕУ
„За жал, не само министерот за надворешни работи на РС Македонија Бујар Османи бара оправдување за забавувањето на процесот на почетокот на преговорите, тоа го прават и други претставници на Владата на РС Македонија“, изјави во интервју за БГНЕС европратеникот од редовите на Европската народна партија, Андреј Ковачев.
Изјавата на Ковачев доаѓа по повод на тврдењето на македонскиот министер за надворешни работи, дека пречка за почеток на преговорите на неговата земја е фактот што во Бугарија нема изгласана Влада.
„РС Македонија имаше доволно време од 2017 година да ги исполни условите на Договорот за пријателство и добрососедство што беше потпишан пред 4 години од премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев“, вели Ковачев.
Бугарскиот европратеник потсетува дека има одлука од март 2020 година на Советот која што е цитирана од Бујар Османи , но не целосно. Во таа одлука се вели дека Македонија треба да има сериозен напредок во спроведувањето на Договорот на добрососедство со Бугарија.
„Таков напредок нема. Тоа не е потпишан празен чек за ти да започнат преговори како земја кандидат. РС Македонија треба да го спроведува договорот“, категоричен е Ковачев.
Според него нема никаков напредок, дури и по петте точки кои биле дебатирани со Бугарија за време на последната посета на Зоран Заев во Софија во јуни. Дури напротив македонското Собрание изгласа Резолуција со нивни црвени линии.
„Сѐ зависи од желбата на Скопје да го спроведува Договорот. Тие не го искористија времето по неговото потпишување за подобрување на ситуацијата. РС Македонија инвестираше големи напори и финансии за да го прави точно спротивното. Правеа обиди за блокирање на бугарски инвестиции, за влез на бугарски медиуми, ставија директор на службите човек што работи против подобрувањето на односите меѓу нас. Организираа кампања против Бугарија преку невладини организации, институти, медиуми и научници за да создадат една невистинита слика за бугарските услови“, изјави Ковачев.
„Правиме сѐ што е возможно од наша страна во последните 30 години , но среќаваме еден ѕид од југоносталгија и југомитологија на којшто инсистира елитата во РС Македонија. Истата елита не сака да се раздели со анти-бугарските темели на таа митологија од времето на Југославија. Мојот повик не се однесува во голема мера до елитата туку до граѓаните на РС Македонија. Мојот повик е да не дозволуваме да бидеме разделувани, туку да го надминеме тоа што не разделувало. Тоа не е клише, бидејќи рецидивите на поранешниот комунистички режим продолжуваат да не разделуваат. Ги гледаме врските со Белград и обидите да се возобнови нешто како „мала Југославија“ под доминација на Србите“, вели бугарскиот европратеник.
Ковачев е убеден дека мнозинството од македонските граѓани имаат добри чувства кон Бугарија , но во моментов тоа е неприфатливо да биде јавно прикажувано во јавноста.
„Анти-бугаризмот на југословенската елита во Скопје пречи за членството на РС Македонија во ЕУ“, подвлече Андреј Ковачев.