|

МНР: ПОЗИТИВЕН ОДГОВОР ОД ОБСЕ/ОДИХР ЗА НАБЉУДУВАЧИ НА ИЗБОРИТЕ

„Врз основа на договореното на средбата меѓу политичките лидери, МНР стапи во комуникација со ОБСЕ/ОДИХР со прашањето дали постои подготвеност да продолжат со набљудувачката мисија на предвремените парламентарни избори. Одговорот го добивме и во овој момент можеме да споделиме со јавноста дека е позитивен“, стои во соопштението на МНР.

Од таму велат дека повеќе детали ќе објават по лидерската средба во понеделник. Пред да биде објавена во јавност, содржината на писмото прво треба со него да се запознаат политичките лидери.

Слични Објави