МОДНИОТ СТИЛ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ

Модата за мене е личен израз и сметам дека секогаш секој може да се потруди да го пронајде сопствениот стил.
Важно е да знaете правилно да одберете облека за градбата на вашето тело, но уште поважно е облеката да биде со точна бројка – ниту помала ниту пак поголема.

Никола Димитров
Македонскиот министер за надворешни работи е познат по неговиот западен специфичен стил на облекување, до некој степен и радикален за нашето општество. Во неговите модни комбинации често носи формални колекции со експонирачко дречливи бои. Со неговиот пријател Мајкл Рот, важат за едни од најдотераните политичари во Европа. Често носи долги капути и соодветно искомбинирана вратоврска според неговата боја на костум.

Елизабета Канческа-Милеска
Екс министерка за култура, сегашна пратеничка, често контроверзна и експонирана на македонската сцена, е позната по својот аристократски стил. Бети може да биде видена во разни комбинации – модни парчиња уникатен накит и модни додатоци, секогаш средена. Канческа-Милеска ги следи модните трендови, идеи, дизајн и уникатност. Кога сме кај косата таа често знае да ја уреди во зависност од нејзината комбинација на облека. Воедно пратеничката, често внимава сето тоа да одговара на нејзиниот карактер и расположение.

Стево Пендаровски
По завршувањето на високотo образование, е назначен за раководител на одделот аналитика во Министерство за внатрешни работи (МВР). Покрај тоа, три години паралелно е портпарол (заменик-министер за односи со јавност) во МВР.
Со тоа што денес е претседател на нашата држава.
Го избрав него поради тоа што знае да се носи со сета таа класика, неговиот стил се состои од елегантни одела, кошули, вратоврски во различни бои, во зависност од комбинацијата и бојата на костумот.
Останува да погледнеме како тој ги комбинира своите комбинации во иднина за време на неговото претседателство.

Петар Колев
Најпрогресивниот, десно ориентиран политичар, Петар Колев, во Македонија ја цементираше својата политичка партија ГДУ, како трета партија на локалните избори во Охрид. Колев е познат по неговите западно ориентирани политики, поддршката за бизнис заедницата и соработката со нашите пријатели од соседството.
Неговиот стил потсетува на политичарите од владата на Тачер од Конзервативната партија, а неговите говори потсетуваат на оние од Реган. Стилот на облекување на Колев е сосема соодветен за неговата функција која ја има. Елегантните одела и кошули се секогаш добро искомбинирани со вратоврските кои ги носи.
Во најстарите времиња, брадите служеле за заштита, топлење на лицето, па дури и за заплашување на противникот. Денеска, брадата е популарен елемент во имиџот на мажите, а на претседателот на ГДУ, Колев, дефинитивно одлично му стои.

Солза Грчева
Грчева, навидум личи на светската позната уредничка на VOGUE, Anna Wintour.
Кога сме кај облеката, Солза Грчева, знае како да искомбинира и секогаш стои зад business clothes. Често преферира да носи накит на себе кој е соодветно искомбиниран со самото модно парче.
Најдобар начин за да оставите впечаток е доколку одберете црвени парчиња облека, со тоа што Грчева често знае да ја третира црвената боја одлично на неа, бидејќи црвената боја секогаш асоцира на моќ и професионалност, а ја истакнува женственоста и елеганцијата на секоја дама.

Даниела Рангелова
Рангелова често знае да изненади со својата појава. Понекогаш знае и да претера со комбинирањето на парчиања и модни додатоци, така што може да изгледа пренатрупано и не баш вкусно. Модните додатоци се најефективниот начин да внесе стил и индивидуалност во надворешниот изглед по кои ќе биде препознатлива. Но, ако претера, ризикува нејзиниот стил да биде запаметен на негативен начин.

Радмила Шекеринска
Стилот на нашата актуелна министерка, Шекеринска е во класична форма. Шекеринска, често може да се види во кошули со пастелни бои со кратки и со долги ракави, сакоа и здолништа со должина околу коленото. Нејзиниот изглед често знае добро да го украси со додавање на разновидни беџови и бисери, секое парче кое го носи изгледа како да е направено токму за неа. Кога сме кај Hair style таа изгледа сосема уредно и складно на тоа што го носи. Шекеринска, никогаш не изгледала пренакитено (пренатрупано). Оваа облека е многу важна за секоја деловна дама, бидејќи многу често е важно да се остави убав впечаток.

Автор: Филип Крстевски