|

МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ МОЖЕ ДА ЗГРИЖИ МАКСИМУМ 15 ПAЦИЕНТИ

Кон крајот на неделава ќе почне конструирањето на модуларната болница во Гевгелија.

Како што информираат од Министерството за здравство, теренот на кој ќе биде поставена ковид модуларната болница во Гевгелија е подготвен, а кон крајот на оваа недела се очекува да почне изведбата на болницата. Целосно е завршено бетонирањето, а поставена е и инфраструктурата – довод, одвод до канализациска мрежа, подземен кабел за струја.

Ковид центарот во Гевгелија ќе биде со површина од 400 квадратни метри со посебен влез за персоналот. Посебен влез ќе има и за прием, евиденција, преглед, тестирање, можност за рендген, ЕХО преглед на пациенти и одредување терапија. Во самата болница ќе има соба за изолација и стационар за третман на максимум 15 пациенти.



Слични Објави