Федерика Могерини утрово пред почетокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург со кој таа претседава ја честиташе годишнината на Преспанскиот договор и ги повика земјите членки да донесат позитивна одлука за преговори со Македонија и Албанија.
„Се надевам дека земјите членки ќе се сетат и ќе оддадат признание за овие чекори, посебно во наредните денови кога важна одлука треба да се донесе за отворањето на преговорите со Албанија и Северна Македонија, одлука што треба да се донесе во најкус можен рок“, изјави шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини,