| |

Мојот роден град има празник

Пишува: Letiashtata Kozzila Erato

Те сакам, Софија. Со сите твои скршени тротоари, ужасни клупи и закрпени шахти.
На Софија не ѝ треба надеж или вера. Таа има потреба од љубов. Луѓето кои работат во државата, во градската општина, треба да ја сакаат Софија, затоа што тоа таа го заслужува, но е не е сакана со години.
Софија не е виновна за тоа што ние се делиме на софијанци и на провинцијалци и се расправаме за банални работи. Софија треба да ја сакаат сите, бидејќи во неа се наоѓаат нашата историја, огромен дел од нашите институции, како и значителен дел од компаниите што го произведуваат БДП за нашата земја.

Во Софија има многу, многу деца за кои нема место во градинките и јаслите. За софијанци „бесплатни градинки и јасли“ не е достигнување, бидејќи овде јаслите за одбиените деца чинат 1.000 лева месечно, а одбиените сѐ илјадници. Во Софија речиси и да нема социјални услуги за деца со попреченост. Не познавам родител кој е задоволен од услугите овде. Софија ги има најлошите клупи во парковите и најмногу чешми за вода, што не работат. Ги имаме најрасипаните трамвајски траси.

Софија е мојата голема љубов. Секогаш кога некој ќе ми каже: „Мислиме да емигрираме“, се прашувам каде ќе одат. Таму каде ќе отидат ја нема Софија.

Те сакам, Софија. Ти благодарам што си мојот дом.



Слични Објави