Не постои Католички и Православен Божик
Facebook статус на Марјан Николовски
На оние политичари, државници… кои денеска споделуваат честитки за Божик, добро е некој да им каже дека не постои Католички и Православен Божик.
На толку советници околу нив, меѓу кои и познавачи на религија, срамно е вакво јавно бламирање.
Божик се разликува календарски – Григоријански и Јулијански, а не католички (римокатолички, пошто соборна е и православната црква) и православен.
Божик и Рим и Москва и Фанар и Скопје и Софија и Белград и Атина.. и кај сакате во светот, се слави на 25 декември, само што за МПЦ, СПЦ, РПЦ, денеска не е 25 декември, туку е 12 декември.
Кога во цел свет е 7 јануари, за МПЦ е 25 декември.
И се така до 2099 година.
Во 2100 година, 25 декември за МПЦ ќе биде кога за цел свет ќе биде 8 јануари.
Дополнително честитањето Божик денеска како Католички е навреда за верниците на 11 помесни православни цркви, од 14 колку што сега ја чинат Едната Света Соборна и Апостолска Црква.
П.с.
Христос се роди, за оние кои денеска слават.
Кај нас ќе се роди за 13 дена….

