ШЕФОТ ЗА СЛИКАЊЕ, МИЛЕ ЗА ШТРАЈК СО ГЛАД

Заев и неговата команда срушија режим со пенкало за да може „диктаторот“ да ни се смешка позади очила за 60 илјади евра…

Сестрата на Јане Ченто би било убаво да му ја покаже почетната слика од овој напис на својот брат (за едни херој, а за мене поранешен позер и сегашна жртва.) Нека види и со свои очи што се случува додека тој самиот се радува дека се сели во Идризово, бидејќи конечно ќе може да си го види детето.

Жена му на Миле, исто така не е лошо да ја види сликата. Таа самата рече дека маж и бил до наивност добар. Истото го потврди и Елена Ристеска. Антонио не кажа ништо, тој беше зафатен со чување на македонскиот меѓународен имиџ по зелените што ги направи премиерот Заев, со двете мадиња за евтин хумор на Путин- Вован и Лексус.

Сликата се надевам дека ќе ви се запечата во сознанието и вам драги мои пријатели, бидејќи во неа се крие целата перверзија на македонската транзициска политичка елита. Намерно зборот елита не ми е ставен во наводници, бидејќи каква што ни е рајата таква ни е и елитата. На одредени периоди се менуваат фаците, но кондомот со којшто пенетрираат во нашиот опериран од критичка мисла заден отвор, никако да го сменат и пустиот одамна веќе не мириса на јаготки.

Го гледате ли Богот Гру, како ни се смешка? Јак е нели? Заев и Спасовски се уште појаки тие го пуштија да си замине, за да им ги даде тие 8-мината „евроинтегративци“, што демек Сашо Мијалков ги средил. Нема врска, Бетка, Крсто и другите си дојдоа како попчиња на гласање за промената на Уставот, бидејќи таков беше договорот. Баш поради таа причина, до ден денеска никој не одговарал и никој нема да одговара за „бегството на векот“.

Миле и останатите што требаше да послужат како пример за тоа дека правда (макар и за ситната риба) има немаат многу алтернативи. Штрајковите со глад и „срцепарајучите“ писма секогаш се опција, но колку тие потези можат да донесат некаков плод. Кој има ќар од тие приказни? Мицко? Па тој веќе работи со Заев, како инаку Стево Пендаровски стана претседател? Зарем верувате дека откако Заев ќе си замине, ќе го дочека некаква темна судбина? Повторно ќе го јадат небањат ликови како Миле и секако Чентовци, Арамбашовци и слични исполнители на туѓи нарачки.

Уште ли ви е смешно за она „Љубави како си, имаш поздрав од Зоки“, на претседателот Пендаровски, упатено до фаворитот на фрау Меркел, Бојко Борисов? Погледајте ја сликата уште малку, ќе ви стане смешно, колку смешни сте биле додека сте бирале меѓу Груевски и Заев.

Автор: Атанас Величков